Анкета: СИЛУВАЊЕ ВО БРАК И РОДОВО-БАЗИРАНО СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО

А. Демографски податоци

1. Пол
2. Возраст
3. Највисоко завршено образование

Б. Информираност, согласност и ставови

4. Дали силувањето во брак е опфатено со кривично-правната регулатива во Северна Македонија?
5. Дали според вас, бракот или вонбрачната заедница автоматски подразбира и согласност за сексуален однос со брачниот или вонбрачниот партнер?
6. Дали сметате дека едно лице има право да одбие сексуален однос со брачниот или вонбрачниот партнер, дури и ако претходно имало согласност за сексуални односи?
7. Кое тврдење најмногу се совпаѓа со вашето разбирање за силувањето во брак?
8. Според вас, колку се информирани граѓаните дека силувањето во брак е казниво со закон?
9. Според вас, дали постојната законска рамка обезбедува доволна заштита од силување во брак?
10. Според вас, колку ефикасно надлежните институции (полиција, обвинителство, судови, центри за социјална работа) постапуваат по пријави за силување и сексуално насилство во брак?

В. Лично искуство и пријавување (чувствителен дел)

Напомена за учесниците: Следните прашања се чувствителни. Одговорете само ако сакате. Можете да прескокнете кое било прашање. Не наведувајте имиња или детали кои можат да откријат нечиј идентитет.

11. Дали некогаш сте доживеале сексуален однос со брачниот или вонбрачниот партнер без ваша согласност?
12. Кои форми на присила за сексуален однос сте ги доживеале? (Може да изберете повеќе одговори)
13. Дали ова искуство го пријавивте во некоја надлежна институција?
14. Ако не сте го пријавиле искуството, кои се причините?? (Може да изберете повеќе одговори)
15. Дали знаете за случај во кој лице доживеало сексуален однос без согласност од брачниот или вонбрачниот партнер?
16. Доколку знаете за таков случај, дали лицето побарало помош?

Г. Поддршка, општествени норми и можни решенија

17. Според вас, дали во Северна Македонија има доволно достапни услуги за помош и поддршка на лицата кои доживеале сексуално насилство во брак?
18. Според вас, кои фактори придонесуваат сексуалното насилство во брак да остане непрепознаено, прикриено или непријавено? (Може да изберете повеќе одговори)
19. Дали сметате дека патријархалните сфаќања и родовите стереотипи придонесуваат сексуалното насилство во брак да остане непрепознаено, прикриено или непријавено?

Контакт на редакцијата

Ако сакате да разговарате со редакцијата за темата или да споделите искуство, можете доброволно да се обратите na е-маил адресата: kumanovonews@gmail.com